Home » Нема никаков разговор меѓу Путин и Трамп – Чиста измислица

Нема никаков разговор меѓу Путин и Трамп – Чиста измислица

by Журнал.мк

Тврдењата на западните медиуми за наводниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски лидер Доналд Трамп се лажни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Немаше разговор. Тоа не е точно, тоа е чиста измислица“, рече Песков.
Истовремено, тој додаде дека во моментов нема конкретни планови за контакти меѓу Путин и Трамп.

Песков се осврна и на изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц, кој за АРД изјави дека наскоро ќе дојде „вистинското време“ за телефонски разговор со претседателот на Русија.
„Не се во тек подготовки за тоа, немаме добиено никакви сигнали“, прецизира Песков.
Тој исто така додаде дека рускиот лидер за време на состанокот на клубот „Валдаи“ потсетил дека Шолц и претседателот на Франција, Емануел Макрон, „го прекинале контактот и не сакаат да разговараат“.
Претходно американскиот весник „Вашингтон пост“ објави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп наводно во четвртокот му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин, со кого разговарал за Украина и изразил интерес за натамошни разговори на оваа тема.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk