Home » Нема напредок за сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети, Обвинителството: Смe условени од правната помош на САД

Нема напредок за сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети, Обвинителството: Смe условени од правната помош на САД

by Журнал.мк

Обвинителството на Северна Македонија сè уште чека правна помош од САД во врска со сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети. Од таму истакнуваат дека документите за случајот сè уште се собираат и се подложни на анализа. Дополнително, одлуката на јавниот обвинител за понатамошни дејства е условена од информациите кои треба да бидат доставени преку барањето за меѓународна правна помош од САД, што бара подолг временски период, известува Portalb.mk.

„За случајот за кој покажувате интерес, институциите кон кои обвинителот на случајот дал наредби активно работат. Се собираат дополнителни документи, кои се предмет на анализа, и се преземаат други предистражни мерки координирани од страна на Обвинителството. Случајот е во предистражна фаза и текот на постапката зависи од низа околности. Во овој случај, се работи за обемна документација која е предмет на анализа. Дополнително, одлуката на јавниот обвинител за понатамошни дејства е условена од информациите кои треба да се достават преку барањето за меѓународна правна помош од САД. Меѓународната правна помош е процес кој бара подолг временски период за соодветно дејствување од надлежните органи таму“, велат од Обвинителството за Portalb.mk.Нема напредок за сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети, Обвинителството: Смe условени од правната помош на САД

Обвинителството на Северна Македонија сè уште чека правна помош од САД во врска со сомнителните финансиски трансакции на Дрин Ахмети. Од таму истакнуваат дека документите за случајот сè уште се собираат и се подложни на анализа. Дополнително, одлуката на јавниот обвинител за понатамошни дејства е условена од информациите кои треба да бидат доставени преку барањето за меѓународна правна помош од САД, што бара подолг временски период, известува Portalb.mk.

„За случајот за кој покажувате интерес, институциите кон кои обвинителот на случајот дал наредби активно работат. Се собираат дополнителни документи, кои се предмет на анализа, и се преземаат други предистражни мерки координирани од страна на Обвинителството. Случајот е во предистражна фаза и текот на постапката зависи од низа околности. Во овој случај, се работи за обемна документација која е предмет на анализа. Дополнително, одлуката на јавниот обвинител за понатамошни дејства е условена од информациите кои треба да се достават преку барањето за меѓународна правна помош од САД. Меѓународната правна помош е процес кој бара подолг временски период за соодветно дејствување од надлежните органи таму“, велат од Обвинителството за Portalb.mk.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk