Home » Нема Македонија во заклучоците на ЕУ за самитот Западен Балкан

Нема Македонија во заклучоците на ЕУ за самитот Западен Балкан

by Журнал.мк

Македонија ниту со старото ниту со новото име не се споменува во предлог заклучоците на ЕУ за самитот со Западен Балкан кој се одржува во Брисел.

Предлог заклучоците предходно беа усвоени од шефовите на дипломатиите на ЕУ и не се очекува да се менуваат.

А во нив има огромен број прашања поврзани со регионот но нема ниту еден конкретен датум или план за членство на земјите од западен Балкан.

За разлика од Македонија која не се споменува по име во заклучоците има дел во кој се зборува за имплементација на Преспанскиот договор и Договорот за пријателство со Бугарија.

Член 12 од заклучоците во кој индиректно се споменува Македонија и други критични позиции на ЕУ кон Западниот Балкан:

,,Помирувањето, инклузивната регионална соработка и добрососедските односи се во срцето на Европската унија.

Спроведувањето на меѓународните договори со добра волја и со опипливи резултати, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, затоа е од суштинско значење.

Сè уште се потребни решителни дополнителни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за изнаоѓање и спроведување на дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашањата на партнерите вкоренети во наследството од минатото, во согласност со меѓународното право и воспоставените принципи, вклучително и Договорот за прашањата за сукцесија, и останатите случаи на исчезнати лица и прашања за воени злосторства”.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk