Home » Нема консензуален кандидат за претседател? – Сите партии претпочитаат да имаат свој кандидат

Нема консензуален кандидат за претседател? – Сите партии претпочитаат да имаат свој кандидат

by Журнал

По сите изгледи ДУИ и СДСМ нема да излезат со заеднички консензуален кандидат за Претседател, и покрај тоа што првично беше најавено така. Ова, пред сѐ беше силна желба на СДСМ, но поради политичките околности се чини дека ДУИ се премисли и ќе излезе со свој кандидат. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека ќе имаат кандидат поддржан од сите коалициски партии, а околу тоа дали ќе ја добијат и поддршката од ДУИ, вели дека на ова прашање треба да одговори ДУИ.

Но, што ќе прави ДУИ? Лидерот на интегративците, Али Ахмети вели дека со оглед на тоа дека се политизирало прашањето околу кандидатури за Претседател, и ДУИ ќе предложи свој кандидат.

„Секако дека и ДУИ, со оглед на тоа дека се политизираше прашањето околу кандидатури за Претседател, и ДУИ ќе има свој кандидат“, вели Али Ахмети.

Што се однесува до албанската опозиција, таа веќе го објави името на нивниот кандидат, Арбен Таравари, кој пак, на Конгресот в петок, рече дека би сакал за противкандидат да го има Ахмети.

реклама

Арбен Таравари: Би сакал противкандидат да ми е г.Ахмети.

-Зошто?

Арбен Таравари: Би било интересно.

Сепак, Ахмети нема да му ја исполни желбата на Таравари. Вели дека ова прашање воопшто не е покренато во партиските органи.

Инаку, се очекува и ВМРО-ДПМНЕ да го открие името на нивниот претседателски кандидат. Опозицискиот лидер, во емисијата „Клик Плус“ рече дека во партијата дебатата се води околу тројца потенцијални кандидати, но повикот сѐ уште е отворен. Засега во јавноста се познати кандидатурите на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More