Home » Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

Нема конкретен датум, Мицкоски планира во најскоро време да се сретне со родителите од Кочани

by Журнал.мк

Откако премиерот Христијан Мицкоски јавно објави дека ќе се сретне со родителите на загинатите и повредените од пожарот во Кочани од владата се уште нема конкретен датум кога ќе се случи средбата, единствено кажуваат дека таа ќе биде во најскоро време.

Ве информираме дека во план е во најскоро време остварување на лична средба помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и родителите. Должност на Владата и институциите, но и како луѓе, е да бидеме присутни, да слушаме, и да делуваме. Станува збор за длабока човечка и општествена трагедија, а Владата и институциите остануваат целосно посветени на поддршка, соочување со последиците и решавање на сите поврзани прашања, кои произлегоа од трагичниот настан во Кочани – велат од Влада за „Слободен печат“.

Оттаму посочуваат дека јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана кога ќе се реализира средбата. Мицкоски пред неколку дена најави дека ќе се сретне со родителите, речиси два месеца по трагедијата.

-Цела Македонија се уште болува и ова нема да биде болка која што ќе престане, но мора да се соочиме со тоа и да ги решаваме работите, не можат тие сами од себе да се решат. Свесен сум дека ќе има и такви политички структури кои на лешинарски начин ќе се обидат на трагедијата на овие луѓе да соберат политички поени, но и тоа е дел од нашиот живот. Важно е ние да сме трпеливи и да ги решаваме проблемите, па понатаму граѓаните се тие кои судат и носат одлуки – рече Мицкоски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk