Home » Нема дискриминација, туку нееднаков третман на граѓаните за бесплатни возачки и сообраќајни дозволи

Нема дискриминација, туку нееднаков третман на граѓаните за бесплатни возачки и сообраќајни дозволи

by Журнал

По однос на мерката на Владата за вадење на возачки дозволи и сообраќајни дозволи без надомест, ТВ24 побара мислење и став од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од каде ни одговорија дека сметаат дека се прави нееднаков третман кон граѓаните кои промениле важечки документи со новото име на државата и за истите платиле. Од Комисијата појаснуваат дека во овој случај не се работи за дискриминаторска основа но дека сепак постои нееднаков третман. Посочуваат дека институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките за промена на важечки документисо новото име на државата.

„ Потсетуваме дека сите граѓани имаат еднакво право на важечки лични документи. Потфрлањето на државата да обезбеди важечки лични документи може да ги повреди останатите права на граѓаните како правото на слободно движење, правото на работа, правото на здравствена заштита и така натаму. Ги поздравуваме мерките кои ги презема владата за да обезбеди лични документи на сите граѓани, но истите се ненавремени со што се наруши правната сигурност на граѓаните.“ – велат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за ТВ24.

Вицепремиерот, Фатмир Битиќи отиде чекор понатаму и тврди дека постои дискриминација врз совесните граѓани кои постапиле совесни и ги промениле документите.

„Моето лично мислење е дека е дискриминација за тие кои биле совесни да постапат согласно законските измени и на време поднеле барање за промена на личните документи. Соодветно треба да се постапи за на некој начин да им се одолжиме зашто биле совесни граѓани на нашата држава.“ – рече Битиќи.

Инаку до сега вкупниот број на издадени возачки дозволи со новото уставно име изнесува 562.288 возачки дозволи за што во буџетот на државата легнале скоро 5.3 милиони евра.

Според дел од познавачите на домашното и мешународно право ,поради несовесноста на институци да обезбедат навремени лични документи на совесните граѓани кои сега се ставени во неповолна позиција поради неможмоста државата да им обезбеди лични документи граѓаните може да размислуваат во насока на евентуална тужба пред домашни судови а дури потоа и пред меѓународните судови. Според дел од експертите, непознавањето на правото штети ( Ignorantia iuris nocet ) но и додаваат дека непознавањето на законот не е изговор ( Ignorantia legis non excusat ).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More