Home » „Нема да ме видите како носам маица од 600 евра, кога мојата мајка заработува 700 месечно“

„Нема да ме видите како носам маица од 600 евра, кога мојата мајка заработува 700 месечно“

by Lina Muslija

Напаѓачот на Рајо Ваљекано, Серхио Камељо ова лето беше херој на Шпанија откако влезе пред крајот на натпреварот кој во регуларниот дел заврши 3:3 и во продолженијата постигна два гола за победа од 5:3 и златен медал.

Камељо сега ја воодушеви шпанската јавност со изјавата во интервјуто за „АБЦ“.

Во својата изјава тој порача дека и покрај големата заработка секогаш ќе остане скромен.

„Нема да ме видите како носам маица од 600 евра затоа што мојата мајка цел живот заработува 700 евра месечно. Тоа едноставно не би било во ред. Секогаш сме живееле скромно и тоа го задржав и денс. Нема да купам скап часовник, ако мојот брат нема ниту еден. Има луѓе кои знаат повеќе да ценат некои работи од другите. Во фудбалот денес за жал има многу фудбалери кои не знаат што со парите. Имав многу такви соиграчи“, изјави Камељо.

Во Рајо Ваљекано, Камељо заработува 12.500 евра неделно.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More