Home » Нема активни пожари на отворено

Нема активни пожари на отворено

by Журнал

Утрово нема активни пожари на отворено, сите седум пријавени биле изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Изминатото деноноќие интервенции имале пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, од територијалните противпожарни единици Прилеп, Струмица, Валандово, Гевгелија и Старо Нагоричани.

Пожарот над село Порој, што беше запален сношти на стемнување, заради ниските температури е самоизгаснат. По добиената информација околу 19:00 часот на 112 за пожар над село Порој, од ЦУК биле известени сите надлежни, но не било можно да е интервенира, бидејќи горело високо на непристапен терен и почнала ноќта, а и немало опасност за загрозување на населено место, се наведува во соопштението.

Центарот за управување со кризи апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Од ЦУК потсетуваат дека минатиот викенд имало околу 80 пожари на отворено.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More