Home » Немања Бантиќ доаѓа во Скопје со моќна лекција за личен бренд и дигитален успех

Немања Бантиќ доаѓа во Скопје со моќна лекција за личен бренд и дигитален успех

by Lina Muslija

Со гордост ја најавуваме првата BE#NEXT конференција, настан кој носи нова енергија, инспирација и можност за поврзување со врвни професионалци. Оваа конференција, организирана од GDMedia Digital во соработка со Next Gen Podcast, ќе се одржи на 22-ри февруари во Public Room од 19ч, Скопје и ќе донесе практични увиди и стратегии за сите кои сакаат да направат исчекор во својата кариера.

Главен предавач – Немања Бантиќ

Еден од најпознатите експерти за продажба и личен бренд, Немања Бантиќ, ќе го одржи своето ексклузивно предавање со провокативната тема:

🔹 „Како се продадов себеси“ – Тајните на градење личен бренд, монетизација на вештините и успешни стратегии за пробив на пазарот.

Ова двочасовно предавање ќе открие реални примери, практични техники и докажани методи кои ќе ви помогнат да го изградите вашиот дигитален идентитет и да се позиционирете себеси и вашиот бренд на пазарот.

За кого е оваа конференција?

Ако сте креативец, претприемач, маркетер, дигитален креатор, фриленсер, иноватор или стартап визионер, ова е настан кој не смеете да го пропуштите. Ќе добиете уникатни стратегии и мотивација за да ги реализирате вашите идеи.

Специјални гости и вмрежување

Покрај предавањето на Бантиќ, на конференцијата ќе учествуваат и два специјални гости, чии имиња наскоро ќе бидат објавени. Тие ќе споделат свои уникатни искуства и пристапи во светот на дигиталниот бизнис.

Настанот нема да заврши само со инспиративни говори – ќе има и завршен дел со вмрежување, каде што ќе имате можност за разговори, нови контакти и потенцијални соработки.

Детали за настанот:

📅 Датум: 22-ри февруари 2025
⏰ Време: 19:00 часот
📍 Локација: Public Room, Скопје (ул. 50-та Дивизија, бр. 22)

Ако сте подготвени да инвестирате во себе, да стекнете нови знаења и да се поврзете со луѓе кои размислуваат како вас, тогаш ова е настан што не смеете да го пропуштите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk