Најпознатиот македонски јутубер Стефан Лазаров денес ја потресе Македонија со својата објава на социјалната мрежа Инстаграм. Според фотографиите кои ги објави Лазаров, некој го откопал гробот на Зоран Василевски (Зоки Фаци).
“Таман кога човек ќе помисли дека полошо не може да биде се случува ваква работа. Некој го откопал гробот на Зоки, претпоставувам барајќи злато или вредни работи… Па добро бе , остана ли малку човечност помеѓу нас луѓето, 6 месеци немаат поминато!! Какви се тие монструми што прават вакви работи, срамота!
Случајот е пријавен од семејството на Зоки и се надеваат дека од Министерството за внатрешни работи во најбрз можен рок ќе бидат пронајдени сторителите и ќе бидат казнети за во иднина да не се случуваат вакви одвратни дејствија…”, гласеше објавата на Лазаров на социјалната мрежа Инстаграм.