Home » Негрижата за македонското здравство го зема својот данок

Негрижата за македонското здравство го зема својот данок

by Журнал

Македонското здравство тоне,а за тоа единствено е виновна државата. Без стратегија и соодветна организација,Македонија останува без матични лекари,но со недостаток на кадар се соочуваат и болниците-проблем кој не е локален,туку генерален и се провлекува повеќе од 17 години.

“Верувате во сите одделенија има дефицит на кадри кај да се свртиме, дали на офталмологија,дали на радиологија, дали на кожно,ми се чини секаде.Еве на пример реуматолог немаме скоро во целава областа, нема каде да се обратиме,значи ние и да сакаме да услужиме пациент или да дојдeме до некоја дијагностика, не можеме поради тој дефицит.И колегите не се криви,не можат од еден двајца да бидат”-вели доктор Виолета Мицкоска

Најголем проблем останува детското одделение кое не работи 3 години,срамно е велат родителите во Охрид да немаопшта здравствена заштита за најмалите.

“Се работи за нашите деца, се работи за иднината на Охрид и нашата држава, жално но вистинито 21 век да се собираат родители и да се активираат сите ваши нервни келии за да профункционира едно детско одделение и да еднаш засекогаш се реши проблемот да нашите деца имаат право но и да имаат каде да се лечат”- вели Влатко Стојкоски, родител

Состојбата во охридската болница воопшто не се разликува од останатите,ситуацијата е подеднаков иста во сите болници во Македонија.Негрижата за здравството сега го зема својот данок.

“Секој дел од здравствениот систем дали е тоа примарно, секундарно или терциерно ниво си има своја голема одговорност и тежина на работа.Сите тие мора да функционираат за да ни функционира здравството”- вели Калина Старделова, претседател на Лекарската комора на Македонија

Според регистарот на Лекарската комора,во Македонија има 9.520 докторски лиценци,но тоа не значи дека сите работат,бидејќи меѓу нив има и пензионери чии лиценци сеуште не истекле. Согласно официјалните статистики,повеќе од 70% од македонските пациенти се лекуваат во Државна болница во Скопје,вели професор Старделова.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More