Home » Негователки и негователи за стари лица бара Црвен крст од Струга

Негователки и негователи за стари лица бара Црвен крст од Струга

by Журнал.мк

Општинската организација на Црвен крст – Струга распиша конкурс за обука за негуватели/ки за помош и нега на стари лица. На конкурсот, којшто е отворен до 26 август годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени жени, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувателки.

„Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да имаат наполнето 18 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да бидат мотивирани за вклученост во серверот за нега во домашни услови, при Општинската организација на Црвен крст – Струга по завршување на обуката“, стои во конкурсот.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата struga@redcross.org.mk, на телефонскиот број 070 276-244 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, по што ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More