Home » Неготинецот кој пред деца ранил куче со воздушна пушка, доби условна и парична казна од 400 евра

Неготинецот кој пред деца ранил куче со воздушна пушка, доби условна и парична казна од 400 евра

by Журнал.мк

Жител на Неготино кој минатиот месец на јавно место, пред многу деца и возрасни луѓе кои се релаксирале, пукал и ранил куче со воздушна пушка, доби условна осуда и парична казна од 400 евра, објави Фокус.

Инцидентот се случил на 7 мај во познато излетничко место покрај рибник, каде осудениот Д.Ј., според пресудата, „пукал со пневматска пушка во кучето на А.М.К., предизвикувајќи му непотребна болка и страдање“.

За кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, Основниот суд Неготино му изрекол условна казна затвор од три месеци, која нема да ја издржи доколку во рок од една година не направи ново кривично дело. За делото „Убивање и мачење животни“ му е изречена парична казна од 400 евра, која треба да ја плати во рок од 15 дена.

Пневматската пушка што ја користел обвинетиот е привремено одземена, бидејќи постои ризик дека може повторно да биде употребена за слични дела. Судот оцени дека со изречените казни се постигнуваат целите на казнувањето и превенција, со што се надева дека обвинетиот ќе се воздржи од повторување на вакви дела.

Обвинетиот има право да поднесе приговор на пресудата во рок од 8 дена. Овој случај повторно ја отвори јавната дебата за регулацијата и санкциите за злоупотреба на воздушни пушки во земјава.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk