Home » Неделковски поднесе неотповиклива оставка од функцијата секретар на Градска Организација ЛДП Скопје

Неделковски поднесе неотповиклива оставка од функцијата секретар на Градска Организација ЛДП Скопје

by Журнал.мк

Почитувани, чувствувам морална одговорност но и обврска да соопштам дека поднесов неотповиклива оставка од функцијата секретар на Градска Организација ЛДП Скопје и секакво понатамошно делување во партијата, соопшти во објава на Фејсбук Влатко Неделковски.

– Од првиот ден кога тргнав по патот на политичкиот активизам ме водеше само една парола, БОРБА И ПРАВДА! Тоа беа тешки времиња за мојата генерација и Македонија. Апсолутен режим режиран од тогашната владеачка ДПМНЕ. Секако, во тој момент се најдов на другата страна. Со чиста и искрена намера – ПРОМЕНИ. Баравме промени но добивме замени..

Правила се кршат но принципи никогаш. А кој има цврсти принципи ретко ќе залута. Така е и сега. За периодот кога парола на ЛДП беше ОБЕДИНЕТО, ХРАБРО, ГЛАСНО со чиста совест можам да кажам дека бев меѓу предводниците на таа идеја. За резултатите, активностите, заложбите, борбата, аплаузот и поддршката од членството и раководството за изминатиот период нека остане да се шепоти тивко, некој и ќе премолчи но тоа е знакот еднакво на човечноста на секоја индивидуа.

Од овој момент јас продолжувам да се борам за вистински вредности и принципи, одговорно, храбро и гласно против оваа децениска ерозија во системот. Разликата секогаш ја прават одговорни луѓе. Ова време-невреме во кое изгубивме сите ние нека биде отскочна даска и клик во умот дека се потребни ПРОМЕНИ. Стратегијата ако не можеш да ги победиш придружи им се ќе донесе само добиена битка, со рок на траење. А, нели, силата е во младите!

Сосема за крај, посакувам среќа и многу повеќе храброст во понатамошното делување! – стои во објавата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk