Home » Неделков: Изјавата на министерката Јаневска за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање

Неделков: Изјавата на министерката Јаневска за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање

by Журнал.мк

Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура.

Во објава на неговиот фејсбук-профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК и останатата заинтересирана јавност дека содржината на изјавата на министерката Весна Јаневска не е договорена со СОНК.

– Точно е дека двапати имавме конструктивна средба и ставовите на СОНК беа јасни: почитување на Закон и Колективен договор, од каде произлегува и барањето за усогласување на платите во основно и средно образование за 12,15 отсто. Тоа што од страната на министерката беше кажано дека нема материјални можности оваа година, не значи дека СОНК се откажал од своето барање – напиша Неделков на Фејсбук.

Во наредниот период очекува, како што вели, „повторно средба со надлежните во државата и решавање на настанатата ситуација“.

– Го замолувам членството на СОНК да не подлегнува на смислена провокација и обид за разбивање на единството во СОНК од поединци и групи, се со цел за нивно лично или колективно профитирање. СОНК останува единствената организација која се грижи за правата и интересите на своите членови – напиша лидерот на СОНК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More