Home » Неделен возен ред на автобусите на ЈСП во наредните три дена, со исклучок на неколку линии

Неделен возен ред на автобусите на ЈСП во наредните три дена, со исклучок на неколку линии

by Журнал.мк

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје” во наредните три дена: Бадник – 6 јануари, Божик – 7 јануари и сабота, 8 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни ќе бидат три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено.

ЈСП информира дека исклучок од неделен возен ред ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои утре (четврток, 6 јануари) ќе возат по саботен возен ред.

Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата во наредните три дена ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk