Home » Неделава турнир за учениците од училиштата во општината Кисела Вода

Неделава турнир за учениците од училиштата во општината Кисела Вода

by Журнал.мк

Како дел од проектот „Шах во школите“, на кој се работи активно во претходните две години, во дел од основните училишта во Македонија се организираат општински турнири во шах. Така, в четврток, во организација на Шаховскиот сојуз на Град Скопје (ШСГС), ќе се игра Турнир за учениците од основните училишта во општината Кисела Вода.
– Турнирот ќе се одржи во спортската сала на ОУ „Круме Кепески“, а ќе учествуваат 194 ученици, кои ќе бидат поделени во четири категории, момчиња и девојчиња од прво до петто одделение и момчиња и девојчиња од шесто до деветто одделение. Целта на овие турнири е популаризација на шахот, како и зголемување на бројот на училишта во кои се имплементира шахот како изборен предмет. Особено радува што на претходно одржаните селективни турнири во основните училишта забележавме дека има особен интерес за шахот помеѓу децата, а и на секој училиштен турнир имавме пријавено по стотина учесници – ни изјави претседателот на ШСГС, Ѓорѓи Миновски.
По општините Центар и Аеродром, Кисела Вода е третата општина од Скопје што се придружува на оваа иницијатива за организирање училишни натпревари, што е особено значајно за популаризацијата и за развојот на шахот во Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk