Home » Недела на јапонски филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Уште не сосема мртов“

Недела на јапонски филм во Кинотека: Вечерва проекција на „Уште не сосема мртов“

by Lina Muslija

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ е комедија во режија на Шинџи Хамасаки. Приказната се врти околу една бунтовна и гневна студентка, Нанасе Нобата, која живее со нејзиниот татко, Хакару, претседател на фармацевтската компанија Нобата. Таа е огорчена поради неговото постојано негодување за нејзиниот живот и неговата опседнатост со работата што не успева да биде на смртната постела на нејзината мајка.

 

Тимот од научници на Хакару случајно открива лек кој предизвикува привремена смрт од два дена. Хакару го земa лекот во обид да разоткрие корпоративен шпион поставен во неговата компанија. Нанасе избезумено се обидува да го спаси татка си од заговорот на ривалската компанија порано да го кремираат неговото тело пред да помине дејството на дрогата.

Возрасна категорија: 12 години

 

УШТЕ НЕ СОСЕМА МРТОВ

(Not quite dead yet/Ichido shinde mita)

 

Игран филм, Јапонија

2020, 93 мин., колор, ДЦП

Режисер: Шинџи Хамасаки (Shinji Hamasaki)

Сценарио: Јошимицу Савамото (Yoshimitsu Sawamoto)

Улоги: Сузу Хирозе, Рујо Јошизава, Лили Френк (Suzu Hirose, Ryô Yoshizawa, Lily Franky)

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk