Home » Не се доволни ифтарите, почнаа и со сифири – кампањата и одмерувањето на силите во политиката сред Рамазан

Не се доволни ифтарите, почнаа и со сифири – кампањата и одмерувањето на силите во политиката сред Рамазан

by Журнал.мк

Иако официјално не е започната кампањата за парламентарните избори на 8 мај, власта и опозицијата ги продолжуваат средбите со граѓаните, но поради светиот месец Рамазан, одлучија освен ифтари да даваат дури и сифири.

Случајно или не, не се знае, но двајцата кандидати кои се спомнуваат за носители на листи во ИЕ1, Изет Меџити од опозициската ВРЕДИ и Блерим Беџети од владејачката ДУИ, синоќа даваа ифтар во Сарај.

“Вечерва на ифтарската трпеза заедно со над 600 активисти од ДД во општина Сарај“, напиша Меџити, а неговиот политички противник Блерим Беџети напиша: “Вечерва ифтар од општинскиот штаб на ДУИ во Сарај“.

И како да не беа доволни ифтарите, започна делењето сифири на праг на предизборната кампања. Ова синоќа го направија двајцата кандидати за претседател, Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од ВРЕДИ.

Османи на социјалните мрежи соопшти дека сифирот го поминал заедно со активистите од огранокот на ДУИ во Шути Оризаре, и напиша дека овој огранок на ДУИ “продолжува да биде пример за активностите, креативноста и пред се за услугата кон граѓаните“. Благодарност до огранокот и претседателот Иљаз Лесковица и претседателот на форумот на млади Бесник Аземи“.

Од друга страна, Арбен Таравари кој е градоначалник на Гостивар, сифирот го помина со вработените во општината. “Пријателски сифир со тие кои секогаш се на ниво на задачата и се грижат за нашата безбедност“. Со лесно и да ви е прифатен постот!“, напиша Таравари на Фејсбук.

Потсетуваме дека ифтарите се нешто што и порано го правеле политичките субјекти и други организации кои делат вечера во чест на светиот месец Рамазан, но сифирите се нова “измислица“ на двајцата претседателски кандидати во рамки на оваа изборна кампања.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More