Home » Не се чувствуваме повикани да поднесеме оставки, вели заменик-претседателката на ДКСК

Не се чувствуваме повикани да поднесеме оставки, вели заменик-претседателката на ДКСК

by Журнал.мк

Не се чувствуваме повикани да поднесеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност – вели заменик-претседателката и членка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Каракашова-Шулев, во врска со повиците за оставки на членовите на ДКСК откако претседателката на Комисијата. Татјана Димитровска, се најде меѓу осомничените за случајот „Адитив“.

Во однос на повиците за оставка на Димитровска, пак, Каракашова-Шулев во интервју за „Призма“ вели дека како членови не можат да говорат во име на претседателката.

„Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и вложуваме максимални напори внатре во институцијата да ја надминеме, но истовремено мора да внимаваме и на пресумпцијата на невиност, која е загарантирана за сите граѓани вклучително и за избраните и именуваните лица. Во однос на повиците за оставка на претседателката, не можеме да коментираме во нејзино име и од нејзина позиција. Сметам дека таа лично треба да се произнесе во однос на тие повици. Во однос на прозивките за оставки од членовите на ДКСК, не се чувствуваме повикани да дадеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност“, вели Каракашова-Шулев во интервјуто за „Призма“.

На прашањето дали како членови на ДКСК размислувале или веќе прават проверки на предметите што се сработени во периодот откако Димитровска е на чело на институцијата, Каракашова-Шулев вели дека нема потреба да се проверуваат одлуките што се донесени колективно на јавна седница на Комисијата.

Таа додава оти ДКСК останува целосно функционална и посветена на исполнувањето на своите законски надлежности и покрај актуелната, како што вели, сериозна и загрижувачка ситуација.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk