Home » Не прифаќаме менување на име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот” – Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово

Не прифаќаме менување на име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот” – Сојузот на борците од НОБ реагира на најавите за преименување улици во Тетово

by Журнал.мк

На последната седница Советот на Општина Тетово донесе Предлог–одлука за формирање на Работна група за преименување на улици во општина Тетово кои веќе имаат определено име и именување на улици на кои името им е определено со работен број. Ова предизвика вознемиреност кај Сојузот на борците од НОБ и граѓани поддржувачи, бидејќи стравуваат дека во новото преименување на улиците ќе се најдат имиња на фашисти и балсити, како и на оние кои учествувале во конфликтот од 2001 година.

– Имајќи го предвид минатото поведение на локалната власт и сензитивноста на материјата, цениме дека е потребно навремено, гласно и јасно да испратиме предупредување дека за Сојузот на борците на НОАВМ, како и за граѓаните на Тетово, воопшто не е прифатливо менување на ниту едно име на улица кое носи име на партизан или деец на антифашистичката коалиција која го победи фашизмот. Исто така е целосно неприфатливо и спротивно на Уставот да се размислува за именување улици и јавни површини со имиња на фашисти и балисти, бидејќи светската историографија јасно ја утврдила нивната улога во минатото, се вели во соопштението испратено од Сојузот на борците.

Пред повеќе години локалната власт на Тетово направи промена на имињата на повеќе улици кои тогаш добија имиња на повеќе албански дејци од поблиската историја од кои дел не беа директно поврзани со Македонија. Па така плоштадот и главниот булевар, кои го носеа името „Маршал Тито“, беа заменети во плоштад и булевар „Илирија“, улицата ЈНА го доби името „Дервиш Цара“, улицата „29 ноември“ се применува во „Мехмед Паша Дерала“, и ред други имиња. Имињата на овие улици беа сменети со образложение дека потекнувале од времето на комунизмот.

За најновото преименување на улиците иницијатива дало Здружението на академици Албанци, која ја доставила до Општина Тетово во 2022 година.

– Во Тетово имаме поширок проект за именување на сите улици, но за жал овде чекаме студија која треба да ја направи Македонскиот катастар, а која сѐ уште ја немаме. И натаму, во Тетово има многу улици, кои не се регистрирани за да се именуваат, а тоа е обврска на Општината, изјави градоначалникот Касами минатата година.

За тоа дали ќе има ново преименување на улиците во Тетово, ќе зависи од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кои се дел од Советот на Општина Тетово, бидејќи оваа одлука треба да се донесе со „бадентерово мнозинство“.

Сега во Тетово за дел улиците се користат двојни имиња, во локалната комуникација Општината ги користи новите имиња, додека во државната комуникација и во патните документи се користат старите називи.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More