Полицијата соопшти дека приведен е 35-годишниот М.Р. од Делчево поради измерени 1,84 промили алкохол во крвта.
„При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „хјундаи“, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица“, велат од МВР.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.