Home » Не остана партија без поделба?! – Селмани: Поделбите се случуваат кога е силна опозицијата

Не остана партија без поделба?! – Селмани: Поделбите се случуваат кога е силна опозицијата

by Журнал

Расколот во Алијансата за Албанците не е прв, но сигурно нема да биде ниту последен. Така и другите албански партии во минатото доживеаја внатрепартиски турбуленции.

Несогласувања и раздвојување на патиштата постоеја во ДПА во минатото, токму откако Зијадин Села го формираше Движењето за реформи во ДПА, а потоа беше создадена Алијансата за Албанците. Движењето Беса се подели на два дела, од каде произлезе Алтернатива. Подоцна, и Беса и Алтернатива се соочија со дополнителни поделби и заминувања. Аријанит Хоџа си замина од Беса, а Скендер Реџепи и Хисни Исмаили од Алтернатива. Аријанит Хоџа заедно со пратеникот Бастри Бајрами ја формираа Европската демократска партија додека Скендер Реџепи Народното движење. Од поделбите не беше поштедена ниту партијата која е на власт 20 години, Демократската унија за интеграција. Таму замина потпретседателот на партијата Изет Меџити, кој го формираше Демократското движење. Нему му се придружија Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи која излезе од Движењето Беса.

Според универзитетскиот професор и експерт за политички прашања, Башким Селмани, овие поделби несомнено се случуваат поради лични интереси и одредени политички групи. Според него, поделби најчесто се случуваат кога опозицијата ќе се зајакне.

„Ако се земе за основа кој ја прави политиката во Македонија, интересни групи се на кои добро им оди на економски план и за жал тие групи од интерес понекогаш преминуваат во индивидуални интереси. Само таму каде што има индивидуален интерес се забележува и констатира. Но, ова оди од една во друга фаза затоа што од моментот кога ќе се зајакне албанската опозиција се случуваат овие поделби и тоа е она што во моментов не можеме да го откриеме“, вели Башким Селмани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More