Home » Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните, изјави Ѓоргиевски

Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓаните, изјави Ѓоргиевски

by Журнал.мк

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, ја поздрави заложбата на Владата за решавање на проблемот со јавниот превоз во Скопје, но ја критикуваше градоначалничката Данела Арсовска за носење ад-хок, а не стратешки решенија. Во гостувањето на Канал 5, тој истакна дека е важно градоначалниците да имаат слух за потребите на граѓаните и да постои механизам за отповикување ако не ја исполнуваат својата должност.

„Градоначалникот не може да биде незаменлив. По четири години, ако не донесе резултати, граѓаните треба да имаат можност да реагираат“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека е време за поголема одговорност и дека граѓаните треба да бидат највисокиот суверен.

Како градоначалник на Кисела Вода, Ѓорѓиевски се пофали со реализацијата на капитални проекти, како што е обезбедувањето на питка вода и канализација во Стаклара-Каменик, што беше прв пат по 50 години. Тој истакна дека пред него, за 30 години, градоначалниците не го сметале тоа за приоритет.

„Во 21 век, такви примери се сè уште присутни во многу делови на државата“, додаде Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека во Кисела Вода има висок степен на реализација на ветеното.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk