Видеото од 40 секунди што во октомври лани првпат го покажа новиот родстер на Mercedes-AMG пред светот, досега има привлечено близу 3 милиони посети само на јутјуб, само на каналот на Mercedes-Benz. Коментарите укажуваат недвосмислено, Mercedes-AMG SL Roadster е еден од автомобилите што предизвикаа одушевување на сцената, какво што долго се нема случено.
Тоа што во Македонија ни е посебно значајно околу овој автомобил е името на дизајнерот. Славче Таневски го дизајнираше овој исклучително важен модел за марката, во годината во којашто тој воедно ја одбележа и првата деценија работа во Mercedes-Benz. Маестро Таневски тогаш ни приреди ексклузивна можност да објавиме интервју со дизајнер на едно од најважните моделски имиња во историјата, точно во денот кога тој модел ја доживеа својата светска премиера. Тоа е поглавје во македонската историја.
Светските медиуми веќе го тестираат автомобилот на когошто Таневски му даде и форма и душа. Auto Bild, auto motor und sport, Carwow, Carbuzz, неколку од највлијателните медиуми на светската автомобилска сцена веќе го тестираа ексклузивниот родстер и секако дека дадоа позитивни оцени за новиот SL.
Во продолжение неколку од коментарите во промотивното видео што се издвојуваат со најмногу допаѓања, ги пренесуваме во нивната изворна форма: