Home » “Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?

“Не дај Боже да ти затреба лек што не оди на рецепт, прескапо е” – Дали лекувањето во Македонија стана луксуз?

by Журнал.мк

Дали лекувањето во Македонија стана луксуз, кое не секој може да си го дозволи?

Не постои човек на кого не му се потребни одредени лекови, витамини или суплементи за одржување на здравјето, но во државава има граѓани кои одвај сврзуваат крај со крај.

Цените во аптеките се високи, особено на оние лекови кои мора да си ги платите приватно, а терапијата мора да се зема. Се вели здравјето нема цена, но кога се лековите во прашање и тоа како има цена.

Министерот за здравство Арбен Таравари најави дополнување на позитивната листа на лекови, а во меѓувреме нашата екипа од 24 Инфо ги запраша граѓаните дали во последно време забележале поскапување на одредени лекови и дали лекувањето удира сериозно по нивниот џеб.

Граѓаните се децидни дека лекувањето во земјава е скапо, особено за пензионерите кои имаат ниски пензии, а поради нарушеното здравје треба да земаат дури неколку видови на лекови за да преживеат.

“Се кубури, особено за оние кои земаат редовна терапија е особено скапо. Лековите се навистина скапи за нашиот стандард”, вели една граѓанка.

“Скапи се. Божем на позитивна листа, но и тие ги нема”, додава друга.

Поголемиот дел од нив велат не забележале поскапување во последниов период, но дека лековите, витамините и суплементите одамна се скапи па бараат што побрзо намалување на цените. Има и такви кои велат има поскапување, но воопшто не се ни надеваат на намалување на цените.

“Не дај Боже да треба да пиеш лек, а да не оди на рецепт… скапо е”, вели друга револтирана граѓанка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk