Home » Не чека студена пролет: Можен е снег во март и април

Не чека студена пролет: Можен е снег во март и април

by Журнал.мк

Метеоролошкиот феномен Ла Ниња продолжува да ја има својата доминантна улога и оваа година, што значи дека Македонија и Балканот ќе се соочат со поладни временски услови за разлика од претходните години. Метеорологот Славчо Попоски најавува дека, во следните месеци, се очекува пролетта да биде значително пониска во температурата, што ќе има влијание и на климатските услови во земјата.

– Ла Ниња продолжува да влијае на временските услови во Европа и на Балканот. Оваа година ќе биде поладна, а претстојната пролет, според долгорочните анализи, ќе биде под нормалата по температура и со повеќе врнежи – истакна Попоски.

Дополнително, поради влијанието на Ла Ниња, Македонија може да очекува и почести поладни продори на воздух од север, кои ќе доведат до нагло опаѓање на температурите и можност за појава на доцен пролетен снег.

– Со сигурност, поладни продори од север ќе бидат чести во пролетта. Не исклучувам можноста од снег дури и во март и април, што е редок, но не и невозможен феномен – додаде Попоски.

Метеорологот нагласи дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата со Ла Ниња и редовно ќе ја информира јавноста за можните температурни аномалии што можат да се појават во текот на пролетта.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk