Home » “Не“ благодарам на ваквите функционери

“Не“ благодарам на ваквите функционери

by Журнал.мк

Беџет Муслија – Уредник на Журнал.мк

Колку ли само тони хартија потрошивме ние новинарите во заробената држава на Груевски за да ја извојуваме победа на слободните медиуми, но и да исправиме некои криви дрини на функционерите кои залегнати во своите удобни фотелји и оперирни од одговорност за отчет пред јавноста одбиваа да се соочат со новинарските прашања.

Таквите функционерите забораваат дека со својот игноранстки однос кон новинарите и дрско одбивање да одговорат на нивните прашања всушност им вртат грб токму на граѓаните кои им овозможиле и мандат и плата за да бидат на моќни функции, но не за да направат дупка од седење во функционерските кожни фотелји, туку да работат и да даваат отчет за сработеното. Секако, дека треба и да одговараат и на жешките новинарски прашања, со нивно игнорирање постигнуваат само контраефект, оти вистината кога тогаш ќе излезе на виделина.

Така е и во нашата новинарска приказна и искуство со недоприлив функционер, кој деновиве беше запрашан за спроведување тендерска постапка во државно претпријатие, кое според нашите индиции, како да сака да си го претвори во приватна фирма, а државното чекмеџе во домашен сеф, нешто што не е непознато во функционирањето на институциите и државните претпријатија.

Оттаму, не очекувавме дека ќе наидеме на непробојна брана затоа што поставивме најлегитимни прашања за да ја дознаеме вистината дали во Јавното претпријатие за државни патишта некој крчми државен имот, протежира пријателски компании, наместо оние што својот квалитет го докажале на европскиот пазар, згора со многу пониски понуди од избраните. И нормално дека очекувавме дека првиот човек на државното претпријатие после овие наши прашања ќе има желба новинарите да и ја пренесат на јавноста и неговата страна на приказната, односно на државното претпријатие каде тој сега ја извршува функцијата, но треба да си ја врши и работата. Изборот да се крие сепак беше само негов – овој директор повеќе милува да одговара пред „истражните органи“, наместо пред судот на јавноста, кога веќе е јасно дека и таму седи некој од неговите партиски другари или сојузници што може лесно да го амнестира не само од сомнежи за незаконско постапување и протежирање како нашите, туку и за нешто многу поголемо и повлкано.

Овој функционер, наместо да го отвори патот кон вистината и на граѓаните, а и на засегнатите компании да им ги објасни чекорите што ги направило Јавното претпријатие при спроведување на јавната набавка, тој со својот потег на затворање врати на новинарите само долева ново масло на огнот на сомнежи во кој треба да изгори тоа што се крие од јавноста. Треба ли да го потсетиме дека функционерската плата, згора на тоа зголемена за 78 отсто, не му ја обезбедиле граѓаните за да молчи и да ги игнорира.

Сепак, недопирливиот директор од нашата новинарска приказна покажа нескриена желба да одговара пред истражните органи, наместо пред партиските.

Како ѝ да е, ова неодговорност спрема граѓаните ќе биде санкционирана – ако не пред истражните, тогаш сигурно пред изборните органи, кога граѓанинот ќе се исправи пред гласачката кутија и ќе му каже „не“ благодарам на ваквите функционери“.

Инаку, во врска со крајно сомнителниот начин на поништување на тендерот добиен од компанијата Yuksel , одговори побаравме и од канцеларијата на Европската Банка за Реконструкција и Развој (ЕБРД) во Скопје, како институција која во голем дел ја финансира изградбата на Коридорот 8, во сегментот на кој се однесува наведениот тендер.

Меѓутоа, локалниот стаф на оваа институција во Скопје како да се прилагодила на “стандардите” на нашето поднебје, на 5-6 дена немат повратен одговор, без притоа да дадат неко објасување зошто доцнат со одговорот. Се надеваме дека не е така и дека станува збор за некоја друга субјективна причина, меѓутоа за секој случај преку нашето дописништво во Брисел се обративме до централната канцеларија на ЕБРД, за кое сме сигурни, дека ќе се покаже многу по транспарентна, од нивното преставништво во Скопје.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More