Бразилецот Нејмар во долгото интервју за „Си-Ен-Ен“ опфати голем број теми поврзани за неговото искуство во Саудиска Арабија, но воопшто и за неговата кариера која беше исполнета со низа подеми и падови.
Со дадените одговори, Нејмар посебно привлече внимание поради изјавата која ја даде за Лионел Меси и Луис Суарез, меѓутоа се огласи и за потценувачката изјава која ја даде Кристијано Роналдо за француската Лига 1.
Португалската ѕвезда ја оцени саудиската Прва лига како далеку поквалитетна од Лига 1, но притоа употреби речник кој воопшто не им се допадна на Французите.
– Изјавата на Роналдо за Лига 1? Морам да се согласам со него. Во овој момент сметам дека саудиската Про лига е подобра од Лига 1.
– Нивото на фудбал во Саудиска Арабија расте, а и играчите кои доаѓаат се се подобри. И Лига 1 си има свои силни страни, не може да се каже дека ми беше лесно, но моето искуство вели дека лигата овде сега е посилна, – тврди Нејмар.