Home » Нејмар се спаси, направи нешто без дозвола, па избегна казна од 3 милиони долари!

Нејмар се спаси, направи нешто без дозвола, па избегна казна од 3 милиони долари!

by Lina Muslija

Бразилскиот суд ја укина казната од околу три милиони долари изречена на фудбалската ѕвезда Нејмар за изградба на вештачко езеро на неговиот имот на 130 километри од Рио без дозвола. Пресудата, која во која имал увид Франс прес, во понеделникот ја донесе судијката Адријана Рамос де Мело, која го цитираше извештајот на државната агенција за заштита на животната средина ИНЕА, во која се наведува дека за проектот не е потребна еколошка дозвола.

„Бидејќи бараните казни изнесуваат милиони долари, континуираното барање за нивно плаќање ќе предизвика значителна, непропорционална, па дури и незаконска штета на Нејмар“, изјави судијата.

Претходно Градскиот совет на Мангаратибе му нареди на бразилскиот фудбалер да плати четири казни во вкупна вредност од 16 милиони бразилски реали (3,3 милиони долари) за оштетување на животната средина со изградба на вештачко езеро во вилата на играчот. Меѓу евидентираните „десетици прекршоци“, властите наведоа „неовластено извршување на работи кои подлежат на контрола на животната средина, неовластено зафаќање и пренасочување на реката и неовластено отстранување на почвата и вегетацијата“. Судијата, сепак, застана на страната на наодите на INEA, наведувајќи дека инспекцијата потврдила дека за такви активности не е потребна еколошка дозвола. Во 2016 година, бразилскиот фудбалер купи вила во туристичката област Мангаратиби, на парцела од еден хектар и има место за слетување на хеликоптер, „спа“ и теретана.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More