Home » Нејмар е фудбалски Бог во Бразил: Судијата означи крај на мечот, противниците чекаа ред да за да се сликаат со него (Видео)

Нејмар е фудбалски Бог во Бразил: Судијата означи крај на мечот, противниците чекаа ред да за да се сликаат со него (Видео)

by Lina Muslija

Нејмар се врати на големата сцена во Бразил и рано утрово ја стартуваше втората авантура во Сантош, тим кој во пресметката со Ботафого одигра 1:1.

Напаѓачот режираше неколку добри потези и покажа дека се уште поседува квалитет после тешката повреда на коленото, а како ѕвезда од која придобивки треба да има цел бразилски фудбал, Нејмар имаше необична задача по крајот на првиот меч.

По последниот судиски свиреж, играчите на Ботафого се наредија во ред за да се фотографираат со Нејмар, нешто што го правеа и членови од стручниот штаб на Ботафого.

Ова најдобро опишува какво влијание има Нејмар врз фудбалот во Бразил, а мора да се признае дека ѕвездата се однесуваше максимално пристојно и одговори на секое барање од ривалите.

Нејмар пристигна во Сантош после 18 разочарувачки месеци во Саудиска Арабија, земја од која пристигна како слободен агент откако го раскина договорот со Ал Хилал.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk