Манчестер јунајтед ги информираше своите навивачи дека оние кои посакуваат да ги заменат дресовите на Мејсон Гринвуд, тоа ќе можат да го сторат бесплатно, а сето тоа поради големиот скандал со младата фудбалска ѕвезда.
Гринвуд беше уапсен откако неговата девојка го обвини за силување, напад, сексуален напад и закани за убиство, за што просведочи дури и со фотографии на социјалните мрежи, фотографии од кои јавноста беше згрозена.
Сепак, 20 годишниот фудбалер денеска беше пуштен на слобода откако плати кауција, а полицијата секако ќе ја продолжи истрагата за овој случај.