Не беше време за шалови, знамиња, гласови, туку љубовта кон клубот мораше да се изрази на поинаков начин. Единствената што беше опција. Единствениот кој го спаси клубот од изумирање.
Минатиот вторник германскиот фудбалски клуб Либек објави дека е пред банкрот и дека во следните 48 часа мора да се најдат 1.000.000 евра, што би значело спас. Од редовите на овој четвртолигаш апелираа за помош.
– Само заедно можеме да го спасиме ВфБ Либек и да ја надминеме оваа егзистенцијална криза – напишаа во клубот.
Од навивачите и спонзорите беа собрани еден милион евра. Веста за спас на клубот, пред околу 4.500 луѓе, беше објавена во црква во неделата вечерта! Малку подоцна се огласи и од клубот.
– Сензационално, извонредно, уникатно – иако е тешко да се опише со зборови што доживеавме, собравме, споделивме и постигнавме заедно како семејство: ја собравме потребната сума од еден милион евра! Готово е! Либек е жив!
Благодарение на дарежливите донации на млади и стари, мали и големи, од Либек, Хамбург и цела Германија, успеавме невозможното да го направиме возможно! Солзи, пот и неизвесност ги одбележаа последните неколку часа, но непроспиените ноќи и безбројните разговори на крајот доведоа до тоа Либек да ја избегне заканата од банкрот!
Можеме само да кажеме: благодарам, благодарам и благодарам уште еднаш за вашата лојалност, поддршка, охрабрување, љубов кон клубот и дарежливост! Бројните донации овозможија да се постигне она што никој не мислеше дека е можно во вторникот вечерта! – стои во соопштението на клубот.