Home » Научниците утврдија: Како се препознава лажен мед без да се отвори теглата?

Научниците утврдија: Како се препознава лажен мед без да се отвори теглата?

by Lina Muslija

Медот е намирница која ја враќа силата и ја зајакнува психата, се разбира, само ако е вистински.

Според видовите на растенија од кои се добива, медот се дели на монофлорен и полифлорален мед. Претежно е сирупест, понекогаш може да се зашеќери, боите се разликуваат, но сепак, постојат неколку насоки кои ќе ви помогнат да го го разликувате вистинскиот од лажниот мед.

Многу е тешко да се откријат лажните производи, бидејќи карактеристиките на медот варираат поради изворот на нектарот, сезоната на берба и географските разлики.

Сè повеќе се зголемуваат напорите за сузбивање на лажните производи. Научниците од Универзитетот Кранфилд во Велика Британија успешно тестирале два нови методи за утврдување на автентичноста на медот, со што го отвориле патот за брзи и прецизни тестирања, пренесува „Саенс дејли“ (Science Daily).

Медот, истакнуваат, често се фалсификува со додавање на евтини шеќерни сирупи. Како што наведуваат, извештајот на Европската комисија од 2023 година покажал дека 46 отсто од 147 тестирани примероци веројатно биле измешани со евтини билни сирупи.

Научниците од Универзитетот Кранфилд во Обединетото Кралство успешно тестираа нови методи за утврдување на автентичноста на медот, со што го отворија патот за брзо и прецизно тестирање.

Имено, многу е тешко да се откријат лажни производи бидејќи карактеристиките на медот се разликуваат поради изворот на нектарот, сезоната на берба и географските разлики. Методите за автентикација, објаснуваат тие, се скапи и се долготрајни. Затоа, постои зголемена потреба за доверливо тестирање и усвојување на нови правила за борба против измамите.

Истражувачки проект предводен од д-р Марија Анастасијади од „Универзитетот Кранфилд“, во соработка со „Агенцијата за стандарди за храна“ и „Советот за наука и технологија“, користела специјализирана техника за анализа на светлина за откривање на лажен мед без да се отвори теглата.

Примероците од мед од Велика Британија, збогатени со сирупи од ориз и шеќерна репка, беа тестирани со неинвазивна техника на Раманова спектроскопија. Прво беше развиен за фармацевтска и безбедносна дијагностика и се покажа како многу прецизен во откривањето на шеќерни сирупи во оваа храна. Научниците го комбинираа SORS со машинско учење за успешно да ги идентификуваат шеќерните сирупи од различни растителни извори.

„Медот е скап и баран – и може да биде мета на измамници, како резултат на што вистинските производители го губат својот профит, се нарушува довербата на потрошувачите. Овој метод е ефикасен и е брза алатка за идентификација на сомнителни примероци, што и помага на индустријата да ги заштити потрошувачите и да ги потврди синџирите на снабдување“, објаснила д-р Анастасијади.

Оваа алатка е пренослива и лесна за имплементација, што ја прави идеална за тестирање долж синџирот на снабдување.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk