Home » НАТО в среда формално ќе го назначи Руте за следен шеф

НАТО в среда формално ќе го назначи Руте за следен шеф

by Журнал.мк

НАТО официјално ќе го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата в среда, откако амбасадорите од сите 32 земји-членки одобрија негово назначување.

Дипломати од неколку земји на НАТО нагласија дека Руте, кој беше силно поддржан од САД, ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг кога неговиот мандат ќе заврши на 1 октомври.

Искусниот холандски лидер, кој наскоро треба да ја напушти функцијата во Холандија по речиси 14 години на функција, ќе го преземе управувањето во клучно време.

Следниот шеф на НАТО ќе мора да се справи со тековните последици од руската војна против Украина и потенцијалното враќање на американското претседателство на Доналд Трамп по изборите во ноември, пренесуваат светските медиуми.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More