Home » НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

НАТО ја презема контролата врз воздушниот простор над Хрватска: „Целата ескадрила е подготвена“

by Журнал.мк

Хрватскиот вицепремиер и министер за одбрана Иван Анушиќ вчера изјави дека земјите-членки на НАТО ќе вршат надзор на хрватскиот воздушен простор до крајот на оваа година, или најдоцна до почетокот на следната година, до кога авионите „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени.

Откако ја презентираше изборната програма на кандидатот на ХДЗ за градоначалник на Осиек, Иван Радиќ, на новинарско прашање кога авионите „Рафал“ што ги набави Хрватска ќе почнат да го чуваат хрватското небо, Анушиќ одговори дека „сите 12 авиони „Рафал“ пристигнаа и целата ескадрила е подготвена“, пишува „Јутарњи.хр“.

-Тие и денес го чуваат хрватското небо, но „воздушната полиција“ ќе ја вршат нашите сојузници од НАТО до крајот на оваа година, најдоцна до почетокот на следната година, кога нашите авиони „Рафал“ ќе бидат целосно опремени, а пилотите обучени за задачите што ќе им бидат поставени, а тоа е заштитата на хрватското небо, објасни Анушиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk