Поради оддалечувањето на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, Советот на јавни обвинители едногласно ја назначи обвинителката Наташа Крстевска-Цалева за вршител на должноста шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје.
Одлуката е донесена по предлог на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој вели дека Крстевска-Цалева ги исполнува сите услови за раководење со Обвинителството. Хајрулахи е оддалечен од функцијата поради тоа што против него се води кривична постапка, а истовремено е поднесен предлог за дисциплинска постапка поради неправилности во работењето. Советот на јавни обвинители има 11 члена.