25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

Наставниците ќе може да напредуваат во ментори и советници – можност за повисока плата

Најчитани вести

Министерството за образование и наука ги повика наставниците да аплицираат на повикот за кариерен напредок во звањата ментор и советник, што подразбира и стекнување дополнителен паричен надомест.

„Се работи за право што произлегува од новиот Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, креиран како дел од планот за темелна реформа на националниот образовен систем и има цел да влијае на личната мотивација на наставниците за работа и да придонесе за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност. Повикот предвидува конкретни квоти за секоја општина, односно колку најмногу наставници во текот на оваа календарска година може да напредуваат во соодветното звање“, соопшти МОН.

За да се пријави еден наставник на повикот, потребно е да исполнува неколку услови, односно да има најмалку 7 години работно искуство како наставник, да е вработен на неопределено работно време и да ги исполнува професионалните стандарди за наставник ментор.

Крајниот рок за аплицирање е 21 јануари 2021 година, а резултатите од повикот ќе бидат објавени најдоцна до 10 февруари 2021 година

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести