Home » Наскоро рестарт на модуларната болница во Струга

Наскоро рестарт на модуларната болница во Струга

by Журнал.мк

Модуларните болници низ државата, кои беа поставени за време на ковид пандемијата, зјаат празни. Откако изгоре модуларната во Тетово,, набргу беше ставен клуч на врата речеси на сите останати. Но во Струга планираат повторно да ја стават во функција модуларната болница на почетокот на 2025 година, откако се поизвесно е дека нема ништо од најавите за изградба на нова болница на излезот на градот, нешто кое го ветуваше власта на ДУИ, а со кое требаше да се реши проблемот со недостатокот на простор и несоодветните услови за работа во дел од одделенијата.

„Имаме модуларна болница, а само три или четири од тие болници во Македонија ги имаат сите атести за работа, со поминати сите безбедносни процедури и мерки и потполно може да се стави во функција. Меѓутоа ние бидејки стоеше три години неупотребена, повторно ќе побараме од соодветни институции да разгледаат и да дадат уште едно мислење, ако треба нешто да се санира и да се добие уште еден краен безбедносен сертификат за работа“, изјави Владимир Бунчески-директор на Општа болница.

Директорот Бунчески вели дека во меѓувреме ќе треба да се промени кровот кој кондензирал и уште еднаш да се провери електричната инсталација. Во струшката модуларна болница, ќе биде префрлено инфективното одделение, интерната дневна болница, како и одделот за ендоскопски процедури. Во меѓувреме модуларната во Струга се користела како сибиралиште за отпад.

„Сега стои празна. Целиот шут од болницата, старо железо, расипани рендген апарати, кревети сето тоа беше изнафрлано во неја. Сето тоа мојата техничка служба го среди“, рече Владимир Бунчески-директор на Општа болница Струга.
Министерот за здравство, Таравари вели е дека е добро модуларните болници да не се користат за третирање на пациенти.

„Модуларните болници во принцип можат да се користат само како амбуланти, но ние ќе инсистираме воопшто да не се користат. Може да се користат како амбуланти,не за лежење пациенти, или места каде што ќе се чува било каков материјал за болниците, но со пациенти не на никој начин, бидејки имаме горчливо искуство, кое не треба да се повтори“, изјави Арбен Таравари-министер за здравство.

Согласно направената анализа, јавните здравствени установи се изјасниле дека имаат потреба од користење на модуларните болници за амбуланти или административни простории, велат од Министерството за здравство за Алсат.

„Инаку, модуларната болница кај Инфективна клиника со одлука на Влада е доделена на трајно користење на Министерството за одбрана“, велат од Министерство за здравство.

Од вкупно 18 модуларни болници, колку што беа изградени, само три се во функција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk