9 C
Skopje
Tuesday, March 2, 2021

Наскоро на јавна расправа ќе се најде и стратегијата за борба против корупцијата

Најчитани вести

Антикорупциска ја објави предлог верзијата на петгодишната стратегија за борба против корупцијата. Антикорупционерите во делот на медиумите ќе побараат политичките партии да се откажат од државните пари кои ги добиваат за платеното политичко рекламирање во изборните циклуси.

„Како една од мерките која ја предлагаме е тие пари да се укинат, да не им се даваат. Тоа ќе оди тешко, но ова е некој почеток, нека се отвори дебата, нека ги дадат аргументите. Значи, од буџетот парите кои им се даваат на партиите за платена кампања – да го нема“, рече Горан Трпеноски член на ДКСК.

Трпеноски, изјави дека меѓу четирите мерки со кои треба да се намали ризикот од корупција во медиумите е и саморегулација на интернет медиумите. Предлог стратегијата за намалување на корупцијата се заснова на проценка на ризици на национално ниво, велат од Комисијата. Како најризични и најсомнителни се правосудството, политичкиот систем, здравството. Во оваа стратегија влегуваат и медиумите и невладиниот сектор за можна коруптивност кај нив, но и можност да помогнат во борбата против корупцијата.

„Покрај овие сектори ги обработивме и образованието, труд и социјала, за прв пат и спортот, бидејќи оценивме дека навистина до сега не бил адресиран ризикот за корупција во спортот, но очигледно дека постои. Така да има доста наоди во нацрт стратегијата. “

Од денеска па натаму нацрт верзијата на стратегијата е достапна за јавноста и сите заинтересирани страни ќе можат да ја разгледаат и доколку имаат свои предлози може да ги достават на интернет страната на Државната комисија за спречување корупција. Потоа, предлог стратегијата ќе биде испратена до Собранието и за нејзино усвојување ќе се чека зелено светло од пратениците.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести