Home » Наскоро ќе има решение за катната гаража – безбедносен ризик што требаше да се гради кај собранието

Наскоро ќе има решение за катната гаража – безбедносен ризик што требаше да се гради кај собранието

by Журнал.мк

Речиси 99 проценти е готов нацрт законот со кој треба да се постигне решение за катната гаража позади законодавниот дом.

Собранискиот спикер Гаши и на последниот брифинг со новинарите информираше дека предлог законското решение ќе биде доставено до сите пратенички групи во февруари а се предвидува околината на објекот каде требаше да биде изградена гаражата да биде прогласена за безбедносна зона.

– Веднаш откако почна да работи овој состав на Собранието формирав работна група, во која се претставници на сите надлежни институции, за да го решиме овој долгогодишен проблем. За жал, земјиштето зад Собранието е продадено на приватно лице, кое сакаше да изгради катна гаража. Три дена по мојот избор за претседател на Собранието, багерите веќе дојдоа. Работата беше сериозна. Во работната група дојдовме до едно законско решение, кое е 99 отсто завршено и со кое околината на објектот на Собранието ќе биде прогласена за безбедносна зона. Такви се сугестиите на безбедносните служби и така ќе се реши проблемот

Сепак Гаши не дообјасни дали се предвидува национализација или експропријација на земјиштето, ниту пак колку пари би чинело обесштетувањето на сопственикот кој веќе го купил земјиштето. Посочи дека ќе бидат добредојдени сите предлози на пратениците со цел решението да биде комплетно и долгорочно.

Проблемот со земјиштето кое државата пред повеќе од 16 години му го продала на приватно лице се активира периодов, откако по барање на Собранието од март 2024, од МВР го променија ставот и донесоа одлука дека се работи за безбедносен ризик, мислење кое е спротивно на она кое пред 10 години го дала тогашната министерка на МВР, Гордана Јанкулоска.

Актуелниот министер за внатрешни работи Панче Тошковски кој претходно беше адвокат на фирмата која треба гради и тоа во управна постапка пред управен суд до сега неколкупати се огради од овој случај бидејќи тврдеше дека имало колизија на интереси.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk