Амбасадата на Србија во Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, 28 ноември 2024 година, кога од фасадата на зградата на Српскиот Конзулатот во Куманово на чело со почесниот конзул, во доцнитe вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово -Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.
Притоа, Српската Амбасада во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Српскиот конзулат во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на Македонија.
Во овој поглед, Амбасадата нагласува дека е целосно посветена на соработка со надлежните органи на Македонија, со цел што поскоро откривање и процесуирање на сторителот на насилниот чин, чиј идентитет може недвосмислено да се утврди врз основа на достапните снимки од безбедносни камери.
Амбасадата на Србија останува посветена на негување пријателски односи со Македонија и изразува уверување дека надлежните органи на земјата домаќин, во духот на развиените билатерални односи и добрососедството, ќе направат се за да се реши овој случај на адекватен начин стои во соопштението од Српската амбасада во Македонија.