Жена од Скопје вчера пријавила во полиција дека непознат насилник со „БМВ“ го запрел нејзиниот малолетен син на улица во Чаир и го влечел по коловозот, соопшти МВР.
„На 04.05.2025 во 22:15 часот во СВР Скопје, Џ.С.(33) од Скопје пријавила дека околу 16:20 часот на раскрсница на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил сопрен од едно машко лице кое управувало патничко возило „бмв“, кое го фатило за рака и го влечело по коловозот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.