Home » Насилни протести во Тирана: Молотови коктели фрлени кон кабинетот на Рама

Насилни протести во Тирана: Молотови коктели фрлени кон кабинетот на Рама

by Журнал.мк

Албанската опозиција вечерва протестираше во Тирана, но без говори на политичките лидери на Демократската партија или другите опозициски партии. Толпата се упати кон кабинетот на премиерот Еди Рама каде фрлале со молотови коктели, јавува „A2CNN“.

Албанската опозиција побарала дозвола од полицијата за четиричасовен митинг пред премиерскиот кабинет.

Лидерот на Слободарската партија, Илир Мета и претставници на оваа опозициска партија се приклучиле на протестот што Демократската партија го свикала на булеварот „Маченици на нацијата“ пред кабинетот на премиерот.

Демонстрантите најпрвин се собрале на плоштадот „Скендербег“, а претходно го блокираа и патот кон Градската управа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk