15.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

NASA ќе развие уште еден лендер за Месечината покрај Starship на SpaceX

Најчитани вести

Американската вселенска агенција NASA официјално го најави планот за развој на второто лунарно летало за програмата Artemis.

Станува збор за голема вселенска иницијатива на NASA чија цел е испраќање луѓе на Mесечината. За да го реализира овој проект, NASA ги повика комерцијалните вселенски компании да предложат концепти за летала со кои луѓето ќе се спуштат на површината на Месечината и обратно.

Леталата треба да бидат подготвени до 2026 или 2027 година. NASA веќе има договор со SpaceX за развој на летало за слетување на Месечината. Минатата година компанијата потпиша договор вреден 2,9 милијарди долари за развој на летало кое може да пренесе луѓе на Месечината.

Првото слетување се очекува за 2025 година, но нема гаранции дека тој рок ќе биде испочитуван.

NASA првично сакаше да избере две компании за развој на летала за да ги намали трошоците и зголеми конкуренцијата. Бил Нелсон од NASA изрази желба да се развијат две летала, како и надеж дека Конгресот ќе ја финансира иницијативата. Во Буџетот за 2022 година е предвидено NASA да добие 1,195 милијарди долари кои агенцијата ги бараше за развој на летало.

Затоа, NASA ќе биде во можност да одбере уште една компанија, а најавени се и промени во договорот со SpaceX.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com