-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

NASA поради „аномалија“ го одложи 14. лет на Ingenuity на Марс

Најчитани вести

Американската вселенска агенција одлучи да го одложи 14. лет на хеликоптерот Ingenuity на Марс, односно ќе почека помирен период пред да се обиде повторно.

Ingenuity веќе ги исполни сите очекувања, а сега ќе паузира пред да се обиде повторно да лета. Хеликоптерот требаше да лета на 18 септември, но тоа се одложи.

Од NASA велат дека при проверка е откриена аномалија кај два мотора за контрола на летот. Откажувањето на летот значи дека хеликоптерот нема да се обиде да лета до средината на октомври, а причина е и продолженото одложување поради соларна конјукција на Марс, време кога Земјата и Марс се спротивно еден од друг, додека Сонцето е меѓу нив.

Таквата ситуација може да предизвика проблеми меѓу Земјата и роверите на Црвената планета.

Хеликоптерот сега се соочува и со временски предизвици на Марс поради промена на годишното доба, па ќе мора да направи одредени адаптирања во летот поради густината на атмосферата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com