Home » Народот избра независност: Десничарската партија Демократит победи на изборите во Гренланд

Народот избра независност: Десничарската партија Демократит победи на изборите во Гренланд

by Журнал.мк

Десничарската опозициска партија Демократит, која се залага за постепен пристап кон независноста од Данска, постигна значително водство по пребројувањето на мнозинството гласови на парламентарните избори што се одржаа вчера во Гренланд.

Според резултатите добиени по пребројувањето на повеќе од 90 отсто од гласачките ливчиња, Демократит освоиле 30,4 отсто од гласовите, што е значителен скок во споредба со 9,1 отсто од гласовите што партијата ги добила во 2021 година.

Оваа партија, која првенствено се залага за развој на бизнисот, е пред опозициската партија Налерак, која се залага за брза независност, која освои 23,7 отсто од гласовите, пренесува Ројтерс.

Изборите во Гренланд, богат со минерали, се во фокусот на глобалното внимание бидејќи тие би можеле да ја означат почетната точка на натамошни геополитички пресврти на северната хемисфера – прво, затоа што застапниците за независност се надеваат дека исходот од гласањето може да резултира со силен мандат за целосно одвојување од Данска, и второ – и веројатно уште поважно, затоа што американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Гренланд ќе го направи американска територија откако беше избран во ноември, пишува Дојче веле.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk