Home » Народниот правобранител ќе го испитува случајот на Ембла

Народниот правобранител ќе го испитува случајот на Ембла

by Журнал.мк

Недозволиво е ученици да бидат жртва на непоготвеноста на поединци да ги прифатат различностите и на истите да им биде отежнат пристапот до образовниот процес, кој со Устав и со закон им е гарантиран на сите подеднакво, без елементи на каква било дискриминација, според народниот правобранител.

Родителите на соучениците на Ембла од Гостивар, која има Даунов синдром, поднеле петиција таа да не учи во исто одделение со другите деца, туку да биде одвоена поради тоа што, како што наведуваат, била агресивна. Ваквите тврдења беа дематирани од дел од родителите.

Случајот со Ембла покажува голема незрелост на општеството, кое ни оддалеку не е подготвено во пракса да ја имплементира домашната и меѓународната регулатива која се однесува на инклузивноста на овие лица во секојдневниот живот, како што се наведува во соопштението на народниот правобранител.

Народниот правобранител ги охрабрува родителите да не молчат за ваквите случаи, туку да се обратат до институциите, со цел навремена заштита на правата на нивните деца гарантирани со законите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More