Home » Народната банка ќе ги презентира есенските макроекономски проекции

Народната банка ќе ги презентира есенските макроекономски проекции

by Журнал.мк

Народната банка денеска ќе ги презентира есенските макроекономски проекции. На прес-конференцијата најавено е присуство на раководството на централната банка.

Според пролетните макроекономски проекции, просечната инфлација за годинава беше проектирана на ниво од 3,5 проценти, а растот на македонската економија на 2,6 проценти. Како што беше посочено тогаш ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Како што тогаш изјави гувернерката, задржана е определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ.

По намалувањето на каматните стапки од страна на Европската централна банка, Народната банка почна со претпазливо олабавување на монетарната политика со намалување на основната каматна стапка за 0,5 процентни поени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk