Home » Наредбата на Израел за евакуација на северот на Газа може да биде смртна казна за пациентите

Наредбата на Израел за евакуација на северот на Газа може да биде смртна казна за пациентите

by Журнал.мк

Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека принудувањето на илјадници пациенти во Појасот Газа да се евакуираат во веќе преполните болници може да биде „смртна казна“ за нив.

Израел им нареди на Палестинците да се евакуираат од северниот дел на Појасот Газа пред очекуваната копнена офанзива против Хамас, една недела по најсмртоносните напади во израелската историја.

„СЗО силно ги осудува повторените израелски наредби за евакуација на 22 болници кои згрижуваат повеќе од 2.000 лежечки пациенти на северот на Газа. Присилната евакуација на пациентите и здравствените работници дополнително ќе ја влоши хуманитарната и здравствената катастрофа“, се вели во соопштението на СЗО.

Преместувањето на пациентите на југ од Газа „каде што здравствените установи се веќе со максимален капацитет и не се во состојба да го примат драматично зголемениот број пациенти може да се граничи со смртна казна“, заклучува СЗО.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More